Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за катастар на недвижности и Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија
24.11 2017
Агенцијата за катастарот на недвижностите на Република Македонија и Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија потпишаа меморандум за соработка во областа на основните геодетски работи, картографијата, катастарот на недвижностите, геоинформатиката и инфраструктурата за просторни податоци.
Со Меморандумот се утврдува заедничкиот интерес на двете институциии да се помагаат и да поттикнуваат реализација на заеднички проекти од соодветните области.

Соработката помеѓу двете институции опфаќа: размена на информации за активностите на потписниците на Меморандумот;размена на научни и технички информации, прописи, спецификации, стандарди и производи;размена на некласифицирани картографски податоци; обука и размена на персонал; подготовка и имплементација на регионални проекти кои се од заеднички интерес, а би биле финансирани преку фондовите на Европскта Унија; заедничко настапување пред меѓународни професионални организации, преку претставување на заедничките усогласени интереси; заедничко организирање на конференции, работилници и меѓународна промоција на заеднички програми за соработка и други активности од заеднички интерес за двете институции.
Потписничките на Меморандумот ќе се состануваат еднаш годишно, наизменично во Република Македонија и во Република Бугарија, се со цел следење и преглед на имплементацијата на овој Меморандум како и предложување нови активности и давање насоки за нивна имплементација.
Меморандумот се склучува за период од десет (10) години.