Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на конференција за Национална инфраструктура за гео-просторни податоци во Белград

12.12 2017

  

На покана од Републичкиот геодетски завод од Белград, делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 4 декември 2017 година, учествуваше на еднодневната конференција за НИГП (Национална инфраструктура за гео-просторни податоци), со наслов „Пронајди, Поврзи, Прикажи“. Со конференцијата беше одбележан и јубилејот - 180 годишно постоење на геодетската дејност во Република Србија.На конференцијата присуствуваа околу 100 учесници од Србија, претставници од проектите поврзани со НИГП, шведскиот „ИМПУЛС“, холандскиот „СПАТИАЛ“, претставник од Норвешката aгенција за картографија и катастар, како и претставник од англискиот „Ordnance Survey International“.

 

 

 

Беа презентирани достигнувањата во националната инфраструктура за гео-просторни податоци во Србија, преку елаборирање на значењето на гео-просторните податоци, статусот на НИГП и неговата нова дигитална платформа. Акцент беше ставен на отпочнувањето со работа на новата дигитална платформа, односно на официјализирањето и промоцијата на новиот гео-портал Геопортал геоСрбија“.

 

Во другиот дел од конференцијата, беше пренесено искуството од европските земји во воспоставувањето на НИГП, како и важноста од поврзувањето на гео-просторните податоци. Презентираните новитети ќе имаат позитивно влијание во развојот на инфраструктурата на просторните податоци и ќе бидат земени предвид во понатамошниот развој на НИПП во Република Македонија.