Потврда за имотна состојба
Доколку сакате да извадите потврда дека лицето не е запишано како носител на правото во катастарот на недвижностите (потврда за имотна состојба), потребно е да се обратите на шалтерот за прием во катастарското одделение надлежно за територијата на која се наоѓа недвижноста и да приложите:
- доказ за платен надоместок за услугата од 450 денари (за територијата на Република Македонија);
Уплатата може да се врши на шалтерот во Катастарот со платежна картичка на ПОС терминал или на уплатница (образец ПП 50) во банка или во пошта:

|
 |
Бројот на сметката, на која треба да го уплатите надоместокот за добивање на оваа услуга од АКН, е истакнат (или ќе го добиете) на шалтерот за информации во секое подрачно одделение на АКН.
Напомена: Плаќањата извршени преку системите за електронско банкарство (е-banking) не се признаваат бидејќи не може да се провери уплатата во реално време. Агенцијата работи на изнаоѓање решение со кое ќе се овозможи прием и на ваков вид уплата.
Времетраењето на оваа услуга од Катастарот е 3 дена.
Дополнителни информации
Бесплатна телефонска линија. Ако имате некоја поплака околу незаконското работење на одредени службеници во Катастарот, но и да се информирате до каде е постапката за Вашиот предмет, обратете се на бесплатниот телефонски број 0800 80 800.