Како до топографска карта?

Пополнете го барањето во делот кај точка 9 - Други податоци и поднесете го во АКН, и тоа: лично, преку пошта,преку телефон (2)3204-832 и  факс (2)3171-668 или преку е-пошта  на адресата prodazba@katastar.gov.mk
Со барањето треба да биде приложите уплатница за платена административна такса, во висина од 50  денари уплатена на уплатница:

 

Образец ПП 50

Трезорска сметка:  100000000063095

Уплатна сметка:     84017703161

Приходна шифра:    722313.

 

 

Преземи барање (pdf) 


Плаќање



Извршете уплата на следната сметка во најблиската пошта или во банка:

 

Образец ПП 50      

Трезорска сметка:    Буџет на РМ - АКН 
Сметка на буџетски корисник: 2100100450 787 11
Жиро-сметка: 1 000 000 000 630 95
Приходна шифра:   724116 20

                       

    

                                                          

 



Начин на пополнување на уплатницата:



Подигање



Откако Вашата уплата ќе биде потврдена, АКН ќе Ве информира по телефон или преку е-пошта кога можете да го подигнете бараниот продукт. За ова се потребни неколку дена. Продуктот можете да го подигнете или во централата на АКН или во најблиската пошта во Вашето место на живеење.
 

Брза набавка



Доколку во Генералната дирекција на АКН во Скопје донесете сметка од Вашата уплата, веднаш ќе можете да подигнете карти во печатена форма. За други продукти ќе бидат потребни од еден до неколку дена за подготовка, во зависност од видот и количината на нарачката.



Генерално, печатените карти се добиваат спакувани (во превиткана форма). Непревиткана карта можете да добиете само во случај доколку самите ја подигнете.