Корисни информации

 

Кога се произведени новите топографски карти?

Новите топографски карти во размер од 1:25 000 се изготвени врз основа на аерофотограметриското снимање извршено во јули 2004 година, во рамките на проектот 
Изработка на основна државна карта за ГИС на Р. Македонија". Проектот е реализиран од тогашниот Државен завод за геодетски работи (ДЗГР) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во периодот од март 2004 до септември 2006 година. Во рамките на проектот се изработени 105, од вкупно 205, топографски карти, во размер 1:25000 кои на сликата подолу се означени со црвена боја. По завршувањето на проектот, ДЗГР, а сега Агенција за катастар на недвижности (АКН), самостојно продолжи со изработка на преостанатите 100 карти во размер 1:25000 и ги доврши кон крајот на декември 2011 година.  Топографските карти изработени од АКН, на сликата се означени со зелена боја. 

 


 
Доколку сакате да ја преземете индекс-картата за поделба на листови на топографската карта во размер 1:25 000, кликнете на мапата.


За која територија се изработени нови карти?

Во јули 2004 година, целата територија на Р. Македонија  е покриена со аерофотографии во црно-бела техника и размер на снимање 1:40 000. Врз основа на овие аерофотографии, за цела територија на Р. Македонија се изработени ортофото карти во размер 1:25 000, 20 метарски грид на висини, топографски карти во дигитална (растерска и векторска) и печатена форма и дигитален модел на теренот.

За заштита на сливниот регион на Охридското Езеро, формирана е ГИС-база на податоци, во која е опфатено подрачјето од 31 топографска карта (површина шрафирана на сликата горе).


Кои се разликите помеѓу старите и новите карти?
 
Покрај тоа што е ажурна содржината на новите карти изработени врз основа на податоците од премерот извршен во јули 2004 година, постојат и други разлики помеѓу новите и старите карти:

 

Променети категории Стари карти Нови карти
Година на производство
1960 - 1970 2004 - 2006 и понатаму
Форма на податокот
Печатена Печатена и дигитална
Јазик
Македонски (латиница) Македонски (кирилица)/
Англиски
Начин на испорака на печатени карти
Неспакувана форма Спакувана/Неспакувана форма
Информации надвор од маргините Размерна линија Легенда
Размерна линија
Математичка основа
Историјат на изработка
Метод на премер
Индекс-карта 
 


 

Дали е можно да се употребат купените податоци  за комерцијални цели? 


Картографските податоци, корисниците можат да ги користат само за намената за која тие се издадени, односно само за свои потреби. Корисниците не смеат да ги умножуваат картографските податоци ниту да ги менуваат, да ги обработуваат, јавно да ги објавуваат и да ги даваат за употреба на други лица, односно да ги користат во комерцијални цели без посебно писмено одобрение од АКН, односно без посебен договор со кој ќе се утврдат меѓусебните односи со корисникот на податоците.


Каде да се обратите доколку имате одредени прашања во врска со топографските карти?


За какви било информации, обратете се до Одделението за картографија при АКН.

Податоци за контакт:
АКН – Одделение за картографија
Работно време: 8.30-16.30 часот (понеделник-петок)
Тел: (2)3204-832
Факс: (2)3171-668
Електронска пошта:  оffice@katastar.gov.mk
                              info@katastar.gov.mk