Зајакнување на капацитетите за спроведување на Стратешкиот план на АКН 2009 -2012
Шведскaта агенција за обнова и развој – Sida и понатаму го поддржува развојот на АКН во модерна и ефикасна институција одговорна за геопросторните податоци и правата на недвижностите, по примерот на модерните европски катастри.
Оттаму, Шведскaта агенција за обнова и развој – Sida ја поддржа АКН во своите напори преку дополнителна помош во вид на донација преку финансирање на проектот „Зајакнувањето на капацитетите за спроведување на Стратешкиот план за АКН 2009 -2012“.
Проектот е за поддршка на капацитетите на АКН во реализацијата и имплементацијата на стратешко-деловниот план на АКН за 2009 - 2012 година.
Период на имплементација на проектот е 3 години, со почеток на имплементација на проектот во ноември 2009 и завршување на проектот во декември 2012 година.
Вредноста на донацијата е 26.033.400 СЕК.
Компоненти на проектот:
1. E–катастар
2. Геодезија
3. Дигитални планови
4. Ефективни бизнис-процеси
5. Развој на човечки ресурси
Е-катастар
- Имплементација на систем за одржување на алфанумеричките катастарски податоци во Македонија
- Воспоставена база на податоци интегрирана во е-катастар
- Имплементиран roll-out план на е-катастар
- Имплементација на електронски шалтер за електронска достава на предмети од страна на професионалните корисници
- Воведен систем за дистрибуција на податоците од АКН до крајните корисници
- Воведени ефикасни процеси за работа
Функционален систем за катастарски планови
- WEBGIS интегриран интернет-сервис кој овозможува преглед до геопросторните податоци на АКН и пребарување на недвижностите преку графички приказ на локацијата
- Воведување функционален уредувач (editor) за одржување на дигитални катастарски планови
- Воведување систем за креирање метаподатоци за воспоставување Национална инфраструктура на просторни податоци
- Дефинирани просторни единици
Геодезија
- Воведување активен ГНСС референтен систем - МАКПОС кој овозможува користење на модерна технологија за сателитско гео-позиционирање
- Воспоставување на апсолутна гравиметриска мрежа
- Обука за крајните корисници за користење на ГНСС референтната мрежа
Ефективни бизнис-процеси
- Подобрено бизнис-планирање
- Воведување електронско плаќање на услугите и производите на АКН преку ПОС терминали/платежни картички (Visa и Mastercard)
- Развој на нови бизнис-области
- Генерална стандардизација на работните процедури
- Развиена политика на податоци
Развој на човечки ресурси
- Свесност меѓу вработените за бизнис-концептот на АКН
- Персонал кој е подобро обучен за комуникација со клиентите
- Помотивиран персонал
Документи: