2. Канцелариски промени

 

Канцелариските промени се спроведуваат само во катастарскиот операт. Правните исправи се приложуваат во оригинал или заверена фотокопија на нотар. Пријавата треба да е уредно пополнета и да е потпишана од подносителот.

 

1.     Промена на податоците за носителите на правата на недвижностите

 

2.     Промена на податоците за правото на сопственост на недвижностите

 

3.     Промена на личните/адресните податоци на носителите на правата на недвижностите

 

4.     Промена кај правни лица

 

5.     Запишување други стварни права и други права на недвижностите

 

6.     Прибележување факти што се од важност за недвижностите и други факти што се од значење за стекнување, измена, престанок или за пренос на правата на недвижностите чие прибележување е предвидено со друг закон  

 

7.     Предбележување како условно запишување на правото на сопственост

 

8.   Запишување промени во катастарот на недвижности со бришење на запишаните други стварни права и други права на недвижностите, прибележувањата и на предбележувањата како условни запишувања

 

 

 

 

1. Промена на податоците за носителите на правата на недвижностите
 
 

   Се поднесува уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса  и доказ за платен надоместок во висина од 250 денари.

   Правната основа (договор, пресуда, решение и сл.), врз основа на кој се бара промената на носителот на правото, треба да содржи податоци за носителите на правата и за недвижностите што се соодветни (одговараат) со податоците запишани во катастарот на недвижности.

 

 

Горе

 


2. Промена на податоците за правото на сопственост на недвижностите

   Се поднесува уредно пополнета пријава со 
доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса  и доказ за платен надоместок во висина од 250 денари.
   Правната основа (договор, пресуда, решение и сл.), врз основа на кој се бара промената на правото на сопственост на недвижностите, треба да содржи податоци за правата, носителите на правата и за недвижностите што се соодветни (одговараат) со податоците запишани во катастарот на недвижности.

 

Горе

 


3. Промена/исправка на личните и адресните податоци на носителите на правата на недвижностите

   Се поднесува уредно пополнета пријава со 
доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 250 денари.
  Доколку во имотниот лист веќе има внесено податок за  ЕМБГ, кон пријавата е потребно да се достави копија од лична карта заверена на нотар со УЗП-заверка.
  Доколку во имотниот лист е изоставен ЕМБГ (го нема), во зависност од случајот, покрај копија од лична карта треба да доставите и извод од матична книга на родени/венчани/умрени (заверени на нотар со УЗП-заверка) или потврда од Министерството за правда
.

 

Горе

 

 

4. Промена кај правни лица 

   Се поднесува уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 250 денари.

    За промена врз основа на внесување недвижен имот како основачки влог, потребно е да се достави договор за основање правно лице, решение од Централниот регистар, тековна состојба од Централниот регистар, потврда дека не е под стечај и ликвидација.

 

   Забелешка: Изводот од тековната состојба за правното лице може да го прибави шалтерскиот работник преку електронско поврзување со Централниот регистар, по претходно платен надоместок од страна на правното лице (350 денари и 50 денари административна такса).

 

Горе

 


5. Запишување други стварни права и други права на недвижностите

   За запишување други стварни права и други права на недвижностите под услов и на начин утврдени со закон (право на службеност, право на залог-хипотека, право на реален товар, право на стварноправен долготраен закуп на градежно земјиште) право на лизинг, право на фидуцијарна сопственост, концесии на недвижности, закуп на земјоделско земјиште, како и други права и факти чие запишување е утврдено со закон (забрани и ограничувања, налог од извршител - заклучок-право на залог на предбележано право на сопственост на зграда и на посебен дел од зграда кога е во фаза на градба и правни дела за промет на предбележано право на сопственост на зграда и на посебен дел од зграда кога е во фаза на градба), покрај правниот основ се поднесува уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН во висина од 500 денари.

 


     Напомена: Уплатата од 500 денари важи за една недвижност. 

 

Горе

 


6. Прибележување факти што се од важност за недвижностите и други факти што се од значење за стекнување, измена, престанок или за пренос на правата на недвижностите чие прибележување е предвидено со закон
 

  За прибележување факти што се од важност за  недвижностите предвидени во Законот за КН (малолетност, починато лице, старателство, одземање деловна способност) и други факти што се од значење за стекнување, измена, престанок или за пренос на правата на недвижностите чие прибележување е предвидено со друг закон (личната состојба на носителот на правото, фактот дека на одредена катастарска парцела во тек е изведување градба за која е извршено предбележување на правото на сопственост на зграда и на посебен дел од зграда кога е во фаза на градба), како и за факти чие прибележување е предвидено со друг закон (како договор за основање правно лице, стекнување правен статус на објект и др.), се поднесува уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН во висина од 250 денари  и правната основа на прибележувањето.

 

Горе

 


7. Предбележување како условно запишување на правото на сопственост 

  
Ако е поднесена пријава за запишување во катастарот на недвижности, а не се исполнети правните претпоставки, односно условите за запишување, и ако основот за конечното запишување не е доволно застапен (преддоговор/договор составен во писмена форма и заверен/солемнизиран кај нотар без доказ за регулиран данок на промет, правосилна судска пресуда без доказ за регулиран данок на промет и други), со пријавата, покрај правниот основ за условно запишување, се доставува  доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 165 денари.

 

Горе

 


8. Запишување промени во катастарот на недвижности со бришење на запишаните други стварни права и други права на недвижностите, прибележувањата и предбележувањата како условни запишувања  

    
Се поднесува уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, правен основ врз основа на кој се бара да се изврши бришење на запишаното право во катастарот на недвижности и доказ за платен надоместок во висина еднаква на самото запишување (за бришење други стварни права - 500 денари за една недвижност, за бришење прибележани факти - 250 денари и за бришење предбележано условно запишување - 165 денари).

 

Горе