3. Теренски промени

 

Теренски промени се промените што се спроведуваат во катастарскиот план и во катастарскиот операт или само во катастарскиот план. Заради решавање на предметот, за овие промени секогаш е потребно постапување од страна на стручно лице од геодетска насока и од дипломиран правник.

 

1.  Запишување на незапишаните права на недвижностите во одржување на катастарот на недвижности (неизложени)

 

2.  Промена на податоците за недвижностите по основ на изградба/доградба/надградба на објект

 

3.  Промена на адресните податоци за недвижности

 

4.  Физичка делба на катастарска парцелa 

 

5.  Физичка делба на зграда или на посебен дел од зграда

 

6.  Измена на граничните линии (уредување меѓи на КП)

 

7.  Спојување катастарски парцели

 

8.  Промена на катастарска култура и класа на земјиште

 

9.  Предбележување објект кога е во фаза на градба

 

 

 

  

 

1. Запишување на незапишаните права на недвижностите во одржување на катастарот на недвижности (неизложени)

   
Недвижностите што останале со незапишани права во постапката на систематското запишување на правата на недвижностите можат да се запишат по поднесување пријава од странката при одржување на востановениот катастар на недвижности и по барање на органот надлежен за постапување по барањата за легализација на бесправно изградените објекти.

 

Горе

 

 

2. Промена на податоците за недвижностите по основ на изградба/доградба/надградба на објект

 

   При одржување на востановениот катастар на недвижности, промени во катастарскиот план и во катастарскиот операт по основ на изградба/доградба/надградба на објекти се спроведуваат по поднесената пријава од страна на органот надлежен за издавање на градежно-техничката документација.

   Надлежниот орган за издавање на одобрението за градење е должен да ги достави до АКН пријавите за предбележување и прибележување на градбата, за измените во текот на градбата, како и за запишување на објектот во јавната книга на недвижности  во електронска форма почнувајќи од 1 декември 2012.


Што сe 
è потребно?


    
Се поднесува уредно пополнета пријава која можете да ја најдете во просториите на Центарот за катастар на недвижности-Скопје, во подрачните одделенија за КН или на веб-страницата www.katastar.gov.mk. Со пријавата се приложува доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, како и доказ за платен надоместок на жиро-сметката на Агенцијата што зависи од предметот на запишување. Кога пријавата за промена се поднесува од страна на органот надлежен за издавање на градежно-техничката документација, не е потребен доказ за уплатен износ од  50 денари за административна такса.
 

 

   

ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ:

 

Ред. бр.

Предмет на запишување Единица мерка Висина на надоместок
1.

Катастарска парцела (запишување празна катастарска парцела, или кога се бара само запишување на катастарската парцела)

една КП 350 ден.
2. Семејна станбена куќа со подрум и со гаража кога се наоѓаат во ист објект, или помошен објект (гаража, плевна, шупа и др.) кога се наоѓа надвор од семејната станбена куќа, со внесување на габаритот на објектот/промена на начинот на користење една недвижност 500 ден.
3. Стан со/без подрум или деловна просторија во колективна зграда (кога зградата не е запишана како целина, ниту се бара нејзино запишување како целина) или подрум во колективна зграда, односно гаража (кога не се бара запишување на станот) една недвижност (стан со/без подрум, односно подрум/гаража) 450 ден.
4. Деловна просторија/резервоар/силос, со  внесување на габаритот на објектот/промена на начинот на користење една недвижност 500 ден.
5. Колективна станбена или станбено-деловна зграда (кога се бара запишување на зградата во целина) еден посебен дел од зграда 350 ден.
6. Комерцијални, индустриски, деловни, инфраструктурни, административни, спортски и културни објекти (кога се бара запишување на објектот во целина)

една деловна просторија/за еден кат

350 ден.

 

 

 

Во прилог на пријавата треба да бидат доставени:

правниот основ за запишување;
• целокупната градежно-техничка документација со прилозите (оригинал или заверена фотокопија кај нотар со УЗП-заверка);
• геодетскиот  елаборат изработен од приватна геодетска фирма;
• потврдата за хипотека за предметната недвижност од интабулационите книги;

• решението за стекнување правен статус и урбанистичката согласност; и

геодетскиот елаборат за утврдена фактичка состојба за објекти кои стекнале правен статус согласно со Законот за постапување со бесправно изградени објекти.



Доколку недвижноста треба да му се запише на правно лице, потребно е кон пријавата да се приложи и:

•    важечка тековна состојба од Централниот регистар (не постара од 30 дена);
•    потврда за стечај;
•    потврда за ликвидација.

 Напомена: При поединечно запишување и запишување на незапишани права во одржување на катастарот на недвижности, услов за запишување во катастарот на недвижности не претставува постоењето на заверка од надлежен орган, односно доказот за платен данок на правните дела склучени меѓу физички, односно правни лица и Јавното претпријатиe за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПСДП) и неговите правни претходници или со градежните претпријатија, пред започнување на примената на Законот за вршење нотарски работи (Сл. весник на РМ бр.59/96), односно пред влегување во сила на Законот за даноците на имот (Сл. весник на РМ бр.80/93).

 

Горе

 


3. Промена на адресните податоци за недвижностите

   Се поднесува 
уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН во висина од 250 денари, заедно со уверението од единицата на локалната самоуправа/Град Скопје.

 

Горе



4. Физичка делба на катастарска парцела
(КП треба да е приватизирана, односно да е во сопственост на лицата што вршат физичка делба)

   Се поднесува уредно 
пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, доказ за платен надоместок во висина од 500 денари за една недвижност од предлогот на старата состојба и во прилог на пријавата е потребно да се достави правниот основ за делбата (договор, решение, пресуда итн.) и геодетскиот елаборат за физичка делба.

 

Горе

 


5. Физичка делба на зграда или на посебен дел од зграда

   Се поднесува 
уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, доказ за платен надоместок во висина од 500 денари за една недвижност од предлогот на старата состојба и во прилог на пријавата да се достави правниот основ за делбата (договор, решение, пресуда) и во зависност од видот на физичката делба и геодетскиот елаборат.

 

Ред. бр.
Предмет на запишување Единица мерка Висина на надоместок
1. Физичка делба на катастарска парцела или на зграда, односно на посебен дел од зграда една недвижност од предлогот на старата состојба 500 ден.

 

 

Горе

 

6. Измена на граничните линии (уредување меѓи на КП)

   Се поднесува
 уредно пополнета пријава со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 500 денари (по пријава), а покрај тоа се приложува и правениот основ и геодетскиот елаборат.

 

Горе

 


7. Спојување катастарски парцели

  Се поднесува 
уредно пополнета пријава со доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН во висина од 350 денари и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и геодетски елаборат. Услов за спојување на катастарските парцели е да се на ист носител на правото на сопственост и да се со иста катастарска култура и класа, како и да претставуваат една целина.

 

Горе



8. Промена на катастарска култура и класа на земјиште

  • За промена на катастарска култура и класа на земјиште се поднесува уредно пополнета пријава, доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН во висина од 950 денари (за една катастарска парцела), како и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса. Доколку се работи за промена на култура од земјоделско во градежно земјиште, кон пријавата се приложува и извод од урбанистички план или урбанистичкo - планска документација.


 

Горе

 


9. Предбележување објект кога е во фаза на градба

Надлежниот орган што го издал одобрението за градење  поднесува уредно пополнета пријава  и доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН, и тоа:

 

Ред. бр.

Предмет на запишување Единица мерка Висина на надоместок
1.

Право на сопственост на зграда, посебен дел од зграда и на други објекти кога се во фаза на градба

еден посебен дел од зграда 165 ден.

 


Напомена: Во прилог на пријавата се доставува:

•    Правосилно одобрение за градење и основен проект заверен од надлежен орган. 

 

Горе