4. Општо за листот за предбележување градба

 

 

Што е потребно за оформување на листот за предбележување градба?

 

Што може да се прибележи во новооформениот лист за предбележување?

 

 

 

 

Што е потребно за оформување на листот за предбележување градба?

 

 

   За да се оформи лист за предбележување градба, потребно е катастарската парцела (КП) на којашто се гради градбата и што се предбележува, да биде со запишани права во катастарот на недвижности, односно да може за неа да се добие имотен лист. Надлежниот орган што го издал одобрението за градење е должен да ја достави пријавата за предбележување градба во рок од 3 дена од правосилноста на одобрението за градење.

Податоците за носителите на правото на градење и идеалниот/реалниот дел на правото на градење се преземаат од приложеното одобрение за градење. 

Доколку кон одобрението за градење се приложи и договор за заедничка градба (со УЗП или со ОДУ-заверка), во кој се определени идеалниот/реалниот дел и носителите на правото на градење, договорот сам по себе не е основа за утврдување на  идеалниот/реалниот дел за правото на градење. 


Доколку настанат промени во текот на градбата, тие по пријава на надлежниот орган ќе се прибележат во листот за предбележување врз основа на решението од надлежниот орган, како и изменетите и дополнетите акти сврзани со градбата. 

 

 

 Горе

 

 

Што може да се прибележи во новооформениот лист за предбележување?


  • Право на залог на предбележаното право на сопственост на зграда и на посебен дел од зграда кога е во фаза на градба, врз основа на правни дела во форма на нотарски акт. 
  • Преддоговори за промет на предбележаното право на сопственост на зграда и на посебен дел од зграда кога е во фаза на изградба кои се склучени во форма на исправа на која е извршена заверка на потписи (УЗП).
  • Други прибележувања во согласност со член 134 од Законот за катастар на недвижности (Сл. весник на РМ 40/2008).