Изготвување стратегија за трансформација на македонскиот државен координатен систем во глобален координатен систем

 

            

 

 ФАЗА 3

                                                                                  
   Во периодот од 10.02.2010 година до 2.03.2010 година Г-динот Kohei Miyagawa од Географскиот институт за премерување (GSI) од Јапонија ја оствари својата трета, воедно и завршна посета на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) во рамките на реализацијата на проектот за дефинирање на стратегијата за трансформација на македонскиот државен координатен систем во соодветен глобален координатен систем.   

   

     

                                     Г-дин Kohei MIYAGAWA


    Во горенаведениот период Г-динот Kohei Miyagawa и стручни лица од Секторот за геодетски работи при АКН ги сумираа резултатите од направените анализи во претходниот период и работеа на дефинирање на чекорите кои што треба да се направат во постапката за трансформација на државниот координатен систем во глобален координатен систем.

 

 

                     Во Секторот за геодетски работи при АКН

 

     Како резултат на севкупниот ангажман од страна на Г-динот Kohei Miyagawa изготвен е Технички извештај во кој покрај описот на активностите спроведени во рамките на проектот и резулататите од направените анализи содржани се и конкретни препораки за начинот на дефинирање и  материјализација на новиот координатен систем во Република Македонија и за начинот на трансформација на стариот државен координатен систем во новиот глобален координатен систем. 

    Резултатите од целокупниот проект беа јавно презентирани пред еден поширок круг на заинтересирани стручни лица - геодети, како од АКН така и од Комората на овластени геодети во Република Македонија.

 

  

Презентација пред членовите на Комората на овластени геодети во РМ

 

  

                                   Презентација во АКН

 

 

За информации за ФАЗА 1 кликнете тука.

За информации за ФАЗА 2 кликнете тука.