Правна рамка
Националната инфраструктура на просторни податоци го олеснува пристапот до размената, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин, со цел да се исполнат потребите на јавниот и приватниот сектор, како и на граѓаните, и притоа да се придонесе кон економскиот раст и одржливиот развој на Република Македонија.
Наедно, НИПП воспоставува технолошка, институционална, правна и административна рамка за меѓуорганизациска соработка којашто ги поддржува иницијативите за е-Влада, го овозможува интегрирањето на просторните податоци од различни извори во една мрежа, избегнува удвојување на напорите за собирање просторни податоци, ја транспонира Директивата 2007/2/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 14 март 2007 г. за воспоставување инфраструктура на просторни податоци во Европската заедница (INSPIRE), како и воспоставува ефикасни деловни процеси.
Со цел воспоставување националана инфраструктура на просторни податоци во Република Македонија, изработена е предлог-правна рамка за нејзина имплементација и оперативност. Во рамките на Стратегијата за НИПП се изработени следниве нацрт-документи:
- Предлог-закон за НИПП на Република Македонија
- Предлог-правилник за теми на сетови за просторни податоци
- Предлог-правилник за интероперабилност
- Предлог-правилник за метаподатоци
- Предлог-правилник за мрежни услуги
- Предлог-правилник за критериуми за пребарување
- Предлог на Договор за размена на податоци и услуги во рамките на НИПП во Република Македонија