Користење на апликацијата „е-кат шалтер“

Сподели

 

За потребите на надворешните корисници, АКН обезбеди веб-апликација „е-кат шалтер“ со која можат да се пребаруваат и да се издаваат податоците од геодетско-катастарскиот информациски систем на Агенцијата за катастар на недвижности.

 

Упатства за корисниците на електронскиот шалтер на АКН од 15.10.2017  

 

Поради задолжителна надградба на безбедносните стандарди наметнати од меѓународниот PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) кој се однесува и на интернет (online) плаќањата со платежните картички, Casys процесинг центарот користен во електронскиот шалер за плаќање на услугите кон Агенцијата за катастар на недвижности, почнувајќи од 15.10 2017 година ќе мора да се извршуваат од Интернет прелистувач кој задолжително користи безбедносниот протокол TLS 1.2. 

 

Доколку сте корисник на Јава Токен, а со цел да може непречено да се користи системот Електронски шалтер потребно е вашиот токен со сертификат да го замените кај овластените издавачи на персонални сертификати најдоцна до 15.10.2017 година.

 

Целосно известување со насоки за постапување (.pdf)
Упатство за проверка дали корисникот користи Јава Токен (.pdf)

Упатство за конфигурирање на интернет прелистувач Mozilla Firefox за пристап до електронскиот шалтер на АКН (.pdf)

 

 

 

 

 

  

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ШАЛТЕР НА АКН (склучување договор, инсталација на токен, прирачници за користење на модули)

 

За пристап до апликацијата „е-кат шалтер“, корисниците треба да обезбедат компатибилни уреди, и тоа: компјутер со најмалку оперативен систем Windows XP или понова верзија, скенер со можност за експорт во pdf формат, пристап до Интернет со брзина  од најмалку 2 Mbps, дигитален сертификат издаден од овластен издавач и токен, платежна картичка поддржана од Casys, софтвер Acrobat Reader верзија 11 и интернет-пребарувач  Mozilla Firefox верзија 24.

 

Чекори за склучување на договор за користење на апликацијата е-кат шалтер (.pdf) 
Барање за пристап до сервис WAТCH DOG (.pdf)

 

 

 

 

Доколку сакате да се регистрирате за користење на апликацијата „е-кат шалтер“ на Агенцијата за катастар на недвижности, преземете го Договорот:

 

Договор за користење на електронскиот шалтер за професионални корисници - нотари, извршители,банки, приватни геодетски фирми и др. (.pdf)
  Договор за користење на електронскиот шалтер за професионални корисници - проценители (.pdf)

Договор за користење на сервисот WATCH DOG (.pdf)

 

 

 

 

 

 

 

 

Упатствата за потребните инсталации коишто треба да се направат за да се овозможи пристап до апликацијата е-кат шалтер, можете да ги преземете на следните линкови:  

 

 

Упатство за инсталација на Gemalto .NET токен (.pdf)

Упатство за читање на серискиот број на сертификат (.pdf)

Упатство за инсталација и поврзување со VPN клиент (.pdf)

 

 Инсталациите се достапни на следниве линкови:

  1. Any Connect VPN клиент (Преземи инсталација)

  2. Интернет пребарувач Mozilla Firefox (Преземи инсталација)

  3. Java runtime (Преземи инсталација)

  4. Gemalto Classis Client (Преземи инсталација)

  5. Gemalto .NET (Преземи инсталација)

Упатствата за користење на модулите на е-кат шалтер можете да ги преземете на следните линкови:

 

 Прирачник за користење на модулот  Е-ИМОТЕН ЛИСТ (.pdf)

 Прирачник за користење на модулот Е-ПРАВЕН ОСНОВ (.pdf)

 Прирачник за користење на модулот Е-ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ (.pdf)

 Упатство за издавање на податоци за дигитален елаборат (.pdf)

 

 

Доколку сте регистриран корисник, Ве молиме најавете се тука.

 

За секое издавање на услугата (имотен лист) од апликацијата е-кат шалтер“, потребно е да пополните барање (за преземање на образецот кликнете тука). Барањата потребно е да ги имате во Вашата архива.